Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЕВТИНУВАЊЕ: Бензините со пониски цени за три денари!

ПОЕВТИНУВАЊЕ: Бензините со пониски цени за три денари!
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за околу три денари од литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новите цени, направени врз основа на пресметката за цената на нафтата на светскиот пазар и курсот на доларот, малопродажната цена на „еуросуперот“ БС од 95 октани од полноќ ќе биде пониска за 3 денари по литар и ќе изнесува 74 денари.„Еуросуперот“ БС од 98 октани ќе има пониска цена за 2,50 денари и литар ќе се продава за 76 денари. За денар и половина се намалува и цената на дизелот - литар „еуродизел“ (Д-Е V) ќе чини 63 денари за литар. Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство - цената од полноќ ќе биде пониска за два денари и ќе изнесува 51,5 денари за литар. И цената на мазутот се намалува за 2,86 денари по килограм, со што новата цена ќе изнесува 35,892 денари, соопштија регулаторите.
Слично

Поврзани вести