Поевтинувањето на парното предизборен трик?
Вчера Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека почнувајќи од 1 август граѓаните ќе плаќаат за 10 отсто поевтини сметки за парно греење.
Тоа значи дека сите потрошувачи што се снабдуваат со топлинска енергија од операторите „Балкан енерџи“, односно од „Производство“, „Дистрибуција“ и од „Снабдување“, ќе бидат намалени со оваа одлука. Цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се намали за 10,93 отсто.
Кај „Скопје Север“ намалувањето ќе биде за 4 отсто и кај едните и кај другите потрошувачи а приклучените на Елем енергетика ќе плаќаат цени поевтини за 11,59 отсто.
Токму тоа вчера го бараше и опозицијата.
Партијата на Заев побара Регулаторна да ги намали цените но за 30 проценти обвинувајќи ги компаниите дека цела година на граѓаните им наплаќаат повисоки сметки.
„РКЕ имала законска обврска да реагира и да ја намали уште во декември 2015 цената на топлинска енергија за потрошувачите на овие две компании, бидејќи нивните трошоци за набавка на горивото природен гас биле помали од проектираните“ укажуваат од опозицијата.
Намалувањето на цената на парното греење предизборен трик на власта
Власта предизборно ја намалува цената на парното. Ова е ставот на здружението на исклучени потрошувачи од системот на парно греење Но пасаран.
Од ова здружение велат дека ова е уште еден предизборен маркетинг и трик со кој партијата на власт ќе купува гласачи за изборите во најава.
Тие ја прашаа власта зошто е толку мал процентот на намалена цена кога цената на гасот е намален многу повеќе, и зошто токму оваа одлука се носи во време пред избори.
Токму ова е причина за утрешниот најавен собир на ова здружение. Настанот во знак на револт ќе се одржи во 12 ч пред Триумфалната порта.
