Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЕВТИНУВАЊЕ: Од полноќ горивата ќе се точат по намалени цени

ПОЕВТИНУВАЊЕ: Од полноќ горивата ќе се точат по намалени цени

Регулаторната комисија денеска ги корeгираше цените на нафтените деривати.

И бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се точат по нови намалени цени, одлучи регулаторното тело.

Цените на бензинот бележат пад од денар и пол, додека дизелот се намалува за два денари.

Тоа значи дека  Еуросупер БС 95 ќе се точи по цена од 59,50 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе изнесува 61,50 денари за литар, додека дизелот ќе се точи по 46 денари за литар.

Намалување на цените ќе има и кај малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство која ќе изнесува 34,50 денари, а мазутот ќе чини 21,17 денари за килограм.

Овие цени почнувајќи од полноќ, ќе важат во следните две недели.

Слично

Поврзани вести