Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЕВТИНУВАЊЕ: Храната и горивата ќе одат надолу со цените!

ПОЕВТИНУВАЊЕ: Храната и горивата ќе одат надолу со цените!
Годинава и следната, цената на нафтата и натаму ќе се намалува, пишува во најновиот извештај на НБМ. Проекцијата за цената на дериватите е надолно ревидирана како резултат на високото производство во земјите од ОПЕК, растечките залихи и неизвесноста од забавувањето на економската активност во Кина. Намалувањето на цената на нафтата ќе продолжи и догодина. “За 2016 година е извршена надолна ревизија на цената на нафтата, при што се очекува дека ценовниот раст ќе биде значително понизок од априлската проекција“ Новите оценки упатуваат на влошени согледувања и во поглед на движењето на цените на металите на светските берзи.Така, во 2015 година се предвидува подлабок пад на цената на никелот во споредба со априлската проекција. Овие очекувања се како резултат на постоење на значителни залихи и забавување на индустриската активност во Кина. “Оценките за забавен раст на побарувачката од Кина, како и за постоење соодветна понуда придонесоа за надолна ревизија и на цената на бакарот во 2015 година, при што сега се предвидува нејзин пад наместо априлската проекција за раст. За 2016 година се оценува дека цената на никелот и натаму ќе се намалува, но засилено во однос на април, додека цената на бакарот повторно ќе забележи пад, наспроти априлската проекција за раст“, се вели во октомвриските прогнози на НБРМ. Намалување на цените се очекува и за пченицата и пченката. “Проекцијата за 2015 година упатува на значителен пад на цената на пченицата, спротивно на априлската проекција за благ раст, што најмногу се должи на остварените повисоки приноси од очекуваните во ЕУ, Русија и Украина, како и на подобрените изгледи за производството во Австралија. Исто така, надолна ревизија е извршена и на цената на пченката, при што сега се очекува нејзин понизок раст, што според оценките на НБМ во најголема мера е како резултат на очекувањата за повисоко производство во САД, како најголем светски извозник на пченка. “За 2016 година се очекува дека цената на пченицата и натаму ќе се намалува, наспроти априлската проекција за нејзин раст, за разлика од цената на пченката за која се предвидува дека ќе оствари малку повисок раст отколку во април“, Според последните податоци што ги објави европската статистика, инфлацијата во еврозоната во септември изнесуваше – 0,1% по растот од 0,1% во август а како клучна причина за негативната инфалција повторно беше падот на цените на енергенсите.
Слично

Поврзани вести