Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поевтинуваат становите во Словенија

Поевтинуваат становите во Словенија

Во последниот квартал на 2012 година цените на становите во Словенија продолжија да тонат, овој пат за 3,5 отсто во однос на претходното тримесечје, а на годишно ниво се опаднати за 8,8 отсто, стои во соопштението на Заводот за статистика во Љубљана.

Прита најголем пад има на цените кај новите станови и куќи кои во последниот квартал од минатата година во просек се намалени за 5,7 % во однос на претходниот.

Цената на нов стан забележала најголем пад на вредноста на годишно ниво, спуштајќи се на најниското ниво од почетокот на 2007 година, кога Заводот за статискика почна да води статистика за нивната вредност.

Цената на старите станови и куќи, исто така, опаднале во четвртиот квартал за 2,3 отсто во однос на третиот квартал, со што цената на овој вид домови дојде до нивото на кое беа на крајот на 2006 година.

 

Слично

Поврзани вести