Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поевтинуваат становите во Хрватска, квадрат во Загреб чини 1649 евра

Поевтинуваат становите во Хрватска, квадрат во Загреб чини 1649 евра
Цените на недвижностите во Хрватска за февруари 2013 година , во споредба со истиот месец 2012 година, бележат пад од 5,1 отсто, додека во однос на претходниот месец пониски се за 1,1 отсто, покажуваат податоците од огласникот „CentarNekretnina“. Притоа цените на имот на пазарот во Загреб се пониски, на месечна основа за 0,7 отсто, додека на годишно ниво има пад од 5,9 проценти.Паѓањето цените на недвижностите на брегот на Јадранското Море, се движи на годишно ниво од 3,9 отсто, а во однос на јануари цените се намалени за 1,5 отсто. Според овие податоци, просечната цена на стан во Загреб во февруари изнесувала 1649 евра за метар квадратен. Најскапите станови се продаваат во областа Медвешчак, со просечна цена од 2248 евра за квадрат, додека најевтини се становите во областа Сесвете по цена од 1153 евра за метар квадратен. Просечната прашува цена пак за стан на Јадранското море изнесува 1606 евра за квадрат што е за 9 отсто помалку од лани. За оние кои купиле стан во февруари во Сплит, одвоиле во просек по 2298 евра за квадрат.  
Слично

Поврзани вести