ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА - се намалуваат дел од цените по полноќ, но не сите
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати по полноќ ќе изнесуваат:
- Еуросупер БС - 95 - 71,50 (денари/литар)
- Еуросупер БС – 98 - 73,50 (денари/литар)
- Еуродизел БС (Д-Е V) - 64,00 (денари/литар)
- Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 64,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 36,992 (денари/килограм)
- Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени - се наведува во објавата на РКЕ.
