Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поевтинува здравственото осигурување за примателите на странски пензии

Поевтинува здравственото осигурување за примателите на странски пензии
Се намалува сумата што примателите на странски пензии треба да ја одвојуваат од пензијата за да може да добијат здравствено осигурување и да ги  користат услугите во јавното здравство. Ова е предвидено со предлог- Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување чиј креатор е министерството за финансии.Законот е веќе во собраниска процедура.  Со новите законски измени предвидено промена на основицата на која се плаќа придонесот за здравствено за примателите на странски пензии. Односно, досега придонесот за здравствено осигурување оваа категорија на обврзници го плаќаше на износот на пензија, по посебна стапка од 13%. Сега се предвидува придонесот за здравствено осигурување да го плаќаат на општата стапка од 7,3 %. „Поради високите пензии коишто иселениците-државјани на Република Македонија ги остваруваат во странство, истите, согласно постојните законски решенија треба да платат и висок износ на придонес за задолжително здравствено осигурување во нашата држава. Од овие причини, истите не сакаат да пристапат во здравственото осигурување на Република Македонија и за време на престојот во Република Македонија плаќаат приватно здравствени услуги. Со цел да се поттикне оваа категорија на лица да пристапи во системот на задолжителното здравствено осигурување во Република Македонија, се предлага лицата кои примаат пензија или инвалиднина од странски носител на осигурување од држава со која Република Македонија нема склучено/превземено Договор за социјално осигурување или пак Република Македонија има склучено/превземено ваков Договор, но во него не е регулирана можноста за остварување на право на здравствено осигурување, додека престојуваат на територијата на Република Македонија, придонесот за здравствено осигурување да го плаќаат на општата стапка од 7,3 %, се вели во објаснувањето на предлог Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување Според податоците, досега само 105 пензионери кои се приматели на странски пензии се вклучиле во здравственото осигурување во земјава, а сега со измените се предвидува да се вклучат повеќе од 10.000 пензионери приматели на странска пензија. „Се работи за добороволно стапување во системот на здравствено осигурување. Досега придонесот за здравство се плаќаше на висината на пензијата која се прима од странски носител, кои се високи пензии - со стапка на придонес од 13% , само 105 пензионери имаат стапено доброволно во системот на здравствено осигурување. Сега се очекува околу 10.000 пензионери кои добиваат странски пензии, со намалување на основицата и нејзино изедначување како за домашните осигуреници така и за ооние кои примаат пензии кај странски носител, да се вклучат во системот на здравствебо осигурување, изјави Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од ДУИ потенцираа дека примателите на странски пензии и натаму ќе имаат право сами да одлучат дали ќе се вклучат во јавното здравство или услугите ќе продолжат да ги прават во приватните здравствени установи во земјава. „Ние не вметнуваме нова категорија на даночни обврзници за да платат здравствено осигурување, туку само ја намалуваме основицата на која ќе се вршат плаќањата, од 13 на 7,3%, и со сметаме дека ќе ги  стимулираме пензионерите кои примаат пензии од странство, да плаќаат придонеси за здравствено осигурување во Македонија. На овој начин тие може да платат минимално за здравствените услуги што  законски ги користат за разни лекарски третмани, се додека престојуваат во Македонија. Сакам да појаснам дека на ова треба да се гледа од страната на приоритетите и добрите можности кои ги нуди овој предлог закон, изјави Калтрина Азизи од ДУИ.
Слично

Поврзани вести