Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поевтинува приклучокот за струја

Поевтинува приклучокот за струја

Домаќинствата за нов приклучок за струја ќе плаќаат за 20 отсто поевтина цена. Наместо досегашните 500 евра, тој ќе поевтини на 400 евра. Ова го потврди Марко Бислимовски, директорот на Регулаторната комисија за енергетика.

Ова намалување важи за домаќинствата, а ќе има и попуст и за останатите потрошувачи, поради намалувањето на трошоците за обезбедување на опремата.

„Ова се должи пред се на зголемувањето на ефикасноста на работа на „Електродистрибуција“ и на намалувањето на нивните трошоци за набавка на опрема која би се користела за изградба на овие приклучоци. Сето ова не става во добра ситуација, трошоците за приклучок на домаќинствата да се намалат најмалку 20%, а исто така ќе има соодветно намалување и на трошоците за приклучување на останатите видови потрошувачи“, изјави Бислимовски.

Исто така ќе се намали и рокот за издавање согласност и роковите за изградба на приклучоците.

Кога станува збор за  Бислимовски вели дека Владата, Градот Скопје и операторот на дистрибутивниот систем треба да најдат начин со кој ќе им се овозможи на приклучените на парно греење да го платат на рати трошокот за поставување на калолиметри или делумно да се намали поставувањето на овие уреди.

Слично

Поврзани вести