Поевтинува парното греење
Регулаторната комисија за енергетика денеска извести дека се намалува цената на парното греење. Според новиот правилник на топлинска енергија, парното секој месец ќе може да поскапува или поевтинува , наместо еднаш годишно како досега.
За граѓаните кои се греат преку„Балкан енерџи груп“ од утре парното ќе поевтини за 14,24%, додека за оние кои ги грее „Скопје Север“ намалувањето 13,45% изнеусва отсто.
Причина за намалувањето, според РКЕ, е намалување на цената на природниот гас кој учествува со 70 отсто во производството на топлинска енергија, а останатите 30 отсто отпаѓаат на мазут.
Слично
