Поевтино лекување за иселениците со странски пензии во Македонија
Иселениците од Македонија, кои остварила право на пензија во друга земја, сега ќе можат поевтино здравствено да се осигураат во Македонија, предвидуваат измените што ги воведува Фондот за здравствено осигурување.
Според Фондот, измените се во согласност со владиниот проект „Права на иселениците во здравствениот систем“.
Досега иселениците кои оствариле право на пензија во странска држава, а кои имаат македонско државјанство, при привремен или траен престој во Македонија, плаќаа здравствен придонес со највисока стапка и поради тоа одбиваа да плаќаат здравствено осигурување и се лекуваа на приватно.
Затоа само 105 вакви лица се пријавиле за здравствено осигурување.
„Тие во просек плаќаат здравствено осигурување од 10.000 денари секој месец, а највисоките придонеси се 13.560 денари. Од оваа причина цената на здравственото осигурување за нив е намалена на 2.256 денари, со што се очекува да се зголеми бројот на осигуреници приматели на странска пензија“, вели Бранко Аџигогив, портпарол на ФЗОМ.
Слично
