Поевтино фрапе на грчките плажи
Годинава луѓето кои ќе одлучат да летуваат во Грција, ќе поминат поевтино.
Сепак, властите во Грција донесоа одлука дека по случаен избор ќе има тестирање на туристи за коронавирусот.
Со денови се договараа мерките за тоа како ќе тече летната сезона.
Туристичкиот период почнува на 15 јуни, датум кога може да се отворат сезонските хотели, а од 1 јули, постепено ќе започнат директните летови од странство.
Ова го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до јавноста во делот посветен на туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.
Слично
