Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поевтино дрво за греење до крајот на септември

Поевтино дрво за греење до крајот на септември
ЈП „Македонски шуми“ ги намали цените на буковото огревно дрво за 10 отсто за сите физички лица и за 15 проценти за корисниците на социјална помош. Одлуката ќе важи до 30 септември. Новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10 проценти е 2.133 денари за метар кубен, а цената за лица корисници на социјална помош со 15 проценти попуст е 2.015 денари. Овие цени важат само за купување во складовите на ЈП „Македонски шуми“. „За луѓето кои живеат во градови можеби тоа не значи ништо и е  безначајна мерка за нив, но за оние што се греат на дрво и живеат во порурални места, а некои од нив и во градови, знам дека ќе им значи многу“, вели премиерот Никола Груевски.  
Слично

Поврзани вести