Поевтини храната во светот, исклучок има кај една намирница која сите ја користиме
Во октомври, светските цени на храната паднаа на најниско ниво од јануари, а падот е забележан во сите категории освен кај растителните масла, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Падот на цените на житарките, млечните производи, шеќерот и месото преовлада над зголемувањето на цените на растителните масла.
ЕУ наведува дека благите температури во текот на сезоната придонеле за поголемо производство на млеко, што извршило дополнителен притисок врз цените. Најизразен пад е забележан кај шеќерот, за 5,3 проценти на 94,1 поени, што е најниско ниво од декември 2020 година.
Очекуваното рекордно производство во Бразил, како и најавите за поголеми испораки од Тајланд и Индија, значително ги намалија цените.
Дополнителен притисок доаѓа од пониските цени на нафтата, кои ја намалуваат економската профитабилност на преработката на шеќер во биогорива. Индексот што ги следи цените на месото падна за два проценти на 125 поени, со што заврши осуммесечната низа на раст.
Најголем пад е забележан кај свинското месо и живината поради изобилството на понуда и послабата побарувачка, особено од Кина, која воведе нови тарифи за увоз од ЕУ и ограничувања за увоз од Бразил.
foto freepik.com
