Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЕВТИНИ ГОРИВА ОД ПОЛНОЌ: Се намалува цената и на бензините и на дизелот

ПОЕВТИНИ ГОРИВА ОД ПОЛНОЌ: Се намалува цената и на бензините и на дизелот

Поевтинуваат горивата од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со денешната одлука се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,5 проценти во однос на одлуката од 1 април. Така, бензините поевтинуваат за 2,5 денари, а цената на дизелот се намалува за денар и половина. 

Според новиот ценовник малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,5 денари ќе од ноќесак на полноиќ литар дизел ќе се продава за 82 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1 денар за литар па ќе чини 78,5 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 денари за килограм и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,154 денари 


Слично

Поврзани вести