Поевтин роаминг уште во јули годинава
Идната недела посебна работна група од земјите од Западен балкан ќе разговараат за сите детали околу намалувањето на ценит ена интернетот и на разговорите во роаминг. Цените треба да се спуштаат од јули годинава, а тарифи на услѕгите во роаминг меќу овие земји целосно ќе се укинат во 2021 година.
Регулаторите и телекомуникациските оператори до 1 јули треба да подготват акциски план и мапа за претстојните активности со прецизирање кој ден што ќе стартува.
Според договорот што беше постигнат на Регионалниот дигитален самит, цените на роаминг од 1 јули ќе бидат намалени за 27 отсто, а од 1 јули 2021 година се очекува целосно укинување на тарифите
Според договорот, цените на разговорот не може да надминуваат повеќе од 19 евроценти, цената на пораката од шест евроценти, додека максималната цена за пренос на податоци ќе биде 18 евра, без ДДВ.
Трошоците за роаминг со Албанија ќе бидат намалени за дури 85 отсто, бидејќи Албанија и Косово не беа дел од договорот потпишан во 2014 година од страна на Србија, Црна Гора, Северна Македонија и БиХ. Договорот беше потпишан под покровителство на ЕУ.
