Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поевтин паркингот на Клинички

Поевтин паркингот на Клинички
Во првите два часа билетот за паркинг место во кругот на Клинички центар е намален за 10 денери,изјави вчера директорот на „Градски паркинг“, Борче Јакимовски. По преземањето на паркиралиштата во болничкиот круг од ова јавно претпријатие, час паркирање е намален на 25 денари.  За вториот - 60 денари, па 80, и 100 денари за четири часа. Kартите за вработените се намалени од 350 на 300 денари на месечно ниво. Јакимовски вчера најави  средување на хаосот во Kлиничкиот центар. Во фаза е изработката на развојно-сообраќаен проект со кој ќе се уреди режимот на сообраќај. - Бројот на паркинг-местата ќе го зголемиме за 300, а имаме намера што поскоро да овозможиме побрз влез и излез на возилата, и тоа преку отворање на уште еден влез на главната капија. За Итната помош ќе има посебен влез кај Детската клиника, а излез кај кујната - објасни Јакимовски.
Слично

Поврзани вести