Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЕВТИНУВАЊЕ: Очекувајте нови цени на бензините во понеделник!

ПОЕВТИНУВАЊЕ: Очекувајте нови цени на бензините во понеделник!

Регулаторната комисија за енергетик утре (понеделник) треба да ги објави новите цени на нафтените деривати.

Според неофицијални информации, цените би требало да се намалат за нешто повеќе од два денари, со што се очекува вкупното намалување на цените на нафтените деривати да достигне повеќе од 25%.

Имено во двете изминати недели на бензинските пумпи се точат горива по малопродажна цена која на еуросуперот од 95 октани изнесува 65,50 денари за литар, а на „еуросуперот” од 98 изнесува 67 денари. Еуродизелот пак достигна 56 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чини 44,50 денари за литар.

Новата цена на нафтените деривати  се формира во зависност од просечната цена на суровата нафта на светските берзи во тековниот 14 дневен период како и според односот на курсот на доларот и денарот.

Додека цените на нафтата се наоѓаат на најниско ниво во последните четири години многу извесно е дека  и понатаму ќе продолжат да паѓаат. Барелот е под 59 долари и почна да се приближува до најниската цена на нафтата која во мај 2009 година, изнесуваше 53,60 долари за барел. Експертите потсетуваат дека историскиот минимум на црното злато продолжи и следните месеци кога во јули 2009 година достигна меѓу 58,20 на 56,25 долари за барел.

Повеќе информации очекувајте во текот на утрешниот ден.

Слично

Поврзани вести