ПОЕФТИНУВАЊЕ: Горивата од полноќ ќе се точат по нови цени!
Првиот ден од неделава започна со нови цени на горивата.
Од Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти новите намалени цени на горивата по кои ќе се точат бензинот и дизелот во следните две недели.
Имено малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.01.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.01.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.01.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.01.2015 година и со тоа цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,610 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 12.01.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,282 ден/кг.
Слично
