Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подвидот на омикрон е потврден и во Хрватска

Подвидот на омикрон е потврден и во Хрватска

И Хрватска пријави заразен со подвидот на омикрон. 

Станува збор за еден случај. Претходно Словенија и Грција пријавија случаи од овој подвид. 

Како што пишуваат словенечките медиуми, оваа подваријанта е веќе забележана во Данска и нејзините карактеристики сè уште не се истражени и јасни, но според некои податоци е уште позаразна од претходните соеви. Сепак, таа не предизвикува посилни симптоми. 

Постоењето на новиот подвид е веќе докажано во повеќе од 40 држави. 79 отсто од досега докажаните инфекции со овој сој се потврдени во Данска, Обединетото Кралство (6 отсто), Индија (5 отсто), Шведска (2 отсто) и Сингапур (2 отсто).

Слично

Поврзани вести