Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подваријантата на омикрон стигна во Грција

Подваријантата на омикрон стигна во Грција

Подваријантата на омикрон сојот на коронавирусот веќе ја има во Грција. 

Станува збор за два случаи откриени кај патници кои пристигнале од странство и се наоѓаат во изолација, јави дописничката на МИА од Атина.

За овој подвид засега има малку информации. Професорот по епидемиологија и член на комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, Гикас Мајоркинис, објасни дека омикрон има две гранки, „а едната е наречена stealth – скриена гранка“, бидејќи има мутација што ја прави незабележлив при класичниот метод што се користи за откривање. Тој вели дека сè уште е рано да се каже дали и колку оваа подваријанта е позаразна.

Оваа подваријанта се шири на северот од Европа.  Истата е присутна и во Австрија. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести