Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подравка повлекува дел од „Ева сардина“ од продавниците

Подравка повлекува дел од „Ева сардина“ од продавниците
Подравка денеска објави дека ја повлекува од тезгите на продавниците конзервата Ева сардина со лук и магдонос од 115 грама, а со рок на употреба до 9 јули 2017 година, јавија хрватските медиуми. Производот се повлекува поради тоа што внатрешната контрола утврдила физичко оштетување на лименките поради што тие можат да напукнат. Од компанијата во Копривница велат дека, со цел целосно да ги заштитат своите потрошувачи, веднаш реагирале и почнале со повлекување на спорната серија Ева сардини од продавниците.
Слично

Поврзани вести