Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подравка ја забрани ВЕГЕТА поради сомнение на салмонела

Подравка ја забрани ВЕГЕТА поради сомнение на салмонела

Како бомба одекна веста која се појави во хрвaтските медиуми, а е објавена и на сајтот подравка.хр. Најпознатата хрватска прехрамбена компанија „Подравка“ повлекува производи од пазарот поради сомнение на салмонела!

Националната организација на потрошувачи на Србија (NOPS) ќе се обратат до Министерството за земјоделство и здравје на Република Србија со барање да во согласност со Законот за безбедност на храна се преземат итни мерки по повод овој случај, а кои вклучуваат и можност за повлекување на спорниот производ од пазарот на Србија, пренесоа српските медиуми.

Оваа информација ја потврдила и претседателката на Центарот за потрошувачи на Србија Вера Вида, додавајќи:

-Земјоделската инспекција веднаш ја известува јавноста што се случува кај нас. Значи најважно од се е тоа што државата правовремено реагира. Засега нема никакви пријави, а претпоствува, дека и сама „Подравка“ би се огласила да се забележани критични случаи објаснила Вера.

На сајтот на  подравка.хр. меѓу останатото пишува дека е и во тек повлекувањето на производите  “Vegeta 250 grama” и  “Vegeta 500 grama” одредени производни серии од пазарот во Австрија, Германија и Словачка, бидејќи во текот на рутинската контрола во Австрија е утврдено дека постојат индиции на присутност на бактеријата “salmonelle spp.” во трагите на еден изолиран случај.

Како мерка на претпазливост, а во цел на заштита на потрошувачите, компанијата одлучила самоиницијативно да ги повлече производите од  три пазари на кои се наоѓаат производите на наведените произведени серии (Австрија, Германија и Словачка).

“Podravka d.d.” производите на предметнтата производна серија ги дала на анализа кај службените хрватски лабаратории, кои утврдиле отсутност на бактеријата “salmonella spp.” во Вагета и на тој начин ги потврдиле резултатите на лабараторијата на Подравка за контрола на квалитет.

Во тек се и додатни анализи на производи на наведените серии кај овластени ЕУ лабаратории.

Слично

Поврзани вести