Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подравка им се намерачи на Алкалоид и српски Бамби ?!?

Подравка им се намерачи на Алкалоид и српски Бамби ?!?
Втората по големина хрватска прехрамбена компанија Подравка е заинтересирана за нови превземања во регионов. Агенцијата „Blumberg" која се повикува на хрватскиот „Poslovni dnevnik"  пишува дека Подравка има интерес за купување на македонската компанија Алкалоид, која е позната по својот лек кафетин во светски рамки, како и на српската компанија Бамби Банат, позната по своите кекси Плазма. Инаку уште пред една година во медиумите беше објавена веста дека Подравка е заинтересирана за купување на две српски компании Бамби Банат и Алева. Тогач, како што пишуваше „Jutarnji list" за овие две превземања Подравка била спремна да плати 100 милиони евра.
Слично

Поврзани вести