Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подобрување во преработувачката индустрија во октомври во однос на септември

Подобрување во преработувачката индустрија во октомври во однос на септември
На фирмите во преработувачката индустрија економската состојба во октомври  е поповолна во однос на состојбата во септември годинава, а понеповолна  споредена со октомври лани, оцениле раководителите на деловните субјекти во анкетата чии резултати ги објави денеска Државниот завод за статистика.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки и за обемот на производството во октомври споредено со септември е поповолна, но очекувањата за обемот на производството и за бројот на вработените  во наредните три месеци се понеповолни.

Во октомври годинава залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи се намалени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври годинава изнесува 58,4 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во октомври 2012 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23,5 проценти, недоволната домашна побарувачка со 17,7 проценти, финансиските проблеми со 13,7 проценти и неизвесното економско опкружување со 8,6 проценти. 

Слично

Поврзани вести