Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подобро ќе беше парите да се потрошат за закрепнување на јавниот здравствен сектор, еве што вели Савески за антикризните мерки

Подобро ќе беше парите да се потрошат за закрепнување на јавниот здравствен сектор, еве што вели Савески за антикризните мерки

Објавувањето на пакетот антикризни мерки од страна на Владата по вчерашната седница беше повод за многубројни критики од граѓаните, но и од активистите во нашата земја. 

Сумата која ја вети Владата, како поддршка за граѓаните и за стопанството, според економистот Здравко Савески можеше да се вложи во позначајни инвестиции како што е опоравување на железницата, на здравствениот јавен сектор во земјата, наместо, во сегашниот поткуп на гласачи.

- 1. Тоа што власта излезе со најголемиот „антикризен“ пакет во момент кога е најмал ударот на кризата, а изборите се на повидок - јасно го разоткрива обидот за поткуп на гласачите.

2. Ние многу повеќе имаме криза на легитимитетот на државата отколку економска криза. А таа криза на легитимитетот на државата не може да се закрпи со тоа што на луѓето ќе им се дава по некоја илјадарка плус неколку месеци.

3. Кога веќе власта утврди дека располага со дополнителни финансии, далеку порационално ќе беше да се потроши огромната сума пари (речиси колку Скопје2014!) на структурни санации: опоравување на железницата, опоравување на јавниот здравствен сектор, обновување на запустените детски одморалишта ширум земјата... - напиша Савески. 

Еве го неговиот пост на Фејсбук:

Неговата објава секако не ги остави рамнодушни граѓаните кои дадоа и свое мисење на темата:


Слично

Поврзани вести