ПОДНОВУВАЊЕ: Нови возила во Министерството за транспорт!
Министерството за транспорт и врски го обновува возниот пар – купува ново возило,,но бара уште неколку по пат на лизинг. За оваа намена се објавени два огласи. Во едниот, Министерството за транспорт и врски бара фирма од која ќе купи моторно возило.
“Предмет на договорот за јавна набавка е моторно возило за потребите на министерството. Проценетата вредност без вклучен ДДВ изнесува 845 000 денари (13 474 евра).“, пишува во објавениот оглас.
Главен критериум за оваа јавна набавка е најниската цена а набавката ќе се спроведе преку електронска аукција. Понудите на компаниите ќе се доставуваат до 14 ти, овој месец, по што ќе се знае од која компанија ќе се набави новото возило.
Во текот на август, Министерството објави оглас за набавка на возила по пат на лизинг.
“Предмет на јавната набавка се нови моторни возила по пат на оперативен лизинг за потребите на Министерството за транспорт и врски. Проценетата вредност на набавката изнесува 3,3 милиони денари ( 54 000 евра)“, се вели во објавата на огласот.
И на овој државен тендер клучен критериум е најниската цена а понудите ќе се доставуваат до деветти овој месец, по што ќе се знае од која фирма ќе се набават овие возила. Времетрањето на договорот изнесува три години.
Слично
