Поднесете годишна даночна пријава-Рокот е до денес!
Денеска е последниот ден за поднесување на годишна даночна пријава.
Од УЈП информираа дека до вчера се поднесени вкупно 316 756 Годишни даночни пријави, од кои 1 530 се поднесени по електронски пат преку системот е-Даноци.
Најголем број на даночни пријави се поднесени во Контакт центарот на УЈП и тоа 77 866. Во останатите даночни канцеларии по градови, бројот на поднесени ГДП е следен:
Ако сакате да ги избегнете метежите ви препорачуваме ако сте регистрирани корисници на е-Даноци своите пријави да ги поднесете по електронски пат.
Истовремено, потсетуваме дека работното време на даночните канцеларии на УЈП е од 08:30 до 18:00 часот, додека работното време на Контакт центарот на УЈП е од 09:00 до 20:00 часот.
Слично

