Поднесени 425.740 ГДП, не се знае колку граѓани не пријавиле данок
Од Управата за јавни приходи објаснуваат дека бројот на поднесени Годишни даночни пријави е 425.740, од кои 2.031 се поднесени преку е-Даноци, а колку граѓани не ја завршиле оваа обврска засега не се знае.
„УЈП ќе може да излезе со податок за бројот на граѓани кои не поднеле ГДП, откако ќе заврши постапката на обработка на податоците, односно по донесувањето на Решенијата за утврдување на персоналниот данок по поднесените Годишни даночни пријави, вклучувајќи ги и Решенијата за оние граѓани кои имале обврска да поднесат даночна пријава, а тоа не го сториле“-велат од УЈП.
Граѓаните имаа обврска да пријават приходи кои ги оствариле во текот на 2015 година, освен плата и пензија. Доколку граѓанинот не поднел даночна пријава до 15 март 2016 година или пак во Годишната даночна пријава нецелосно ги пријавил приходите, законот предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.
Слично
