ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Викендов ќе се разбудиме со снежна покривка!
Иако на неколку наврати мали снежни врнежи на планините, па и на некои повисоки места имаше изминативе 2 месеци, сепак неможе да се рече дека навистина имавме снег низ населените места . Првиот вистински вкус на зимата ќе го имаме во петок навечер, но со снежна покривка ќе се разбудиме во сабота наутро, информираат од МЕТРОПРО.
Во петок попладне над Македонија ќе се спушти значително постудена воздушна маса која во комбинација со влагата која ќе ја обезбеди циклонот чиј центар ќе се наога во Егејското море конечно ќе го донесе снегот. Врнежите започнат во петок навечер и ќе продолжат до сабота попладне.
Во однос на снежна покривка, неа повеќе ја очекуваме во западниот регион, особено на планините. Од пониските места, мала снежна покривка e можна во поголем дел од котлините, особено во западниот регион, како и во Скопската котлина.
Во југоисточниот крај врнежите ќе бидат од дожд, освен нормално на планините, каде ќе паѓа снег.
Во сабота ќе биде и значително постудено. Максималната температура во најтоплиот регион од земјава - Гевгелискиот, тешко дека ќе надмине 6°С. Во останатите котлински краишта максималната температура ќе има вредност околу 2°С.
Заради умерениот северен ветер во сабота чувствителната температура ќе биде околу 0°С.
(Извор:МЕТЕОПРО)
