ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Температурите преку ноќ ќе паднат за 10 степени!
Промена на времето и значително заладување ја очекуваат Македонија во следните 24 часа. денеска во вечерните, а особено во ноќните часови ќе настапи промена на времето проследена со северен ветер, локални врнежи од дожд (на места пообилни) и појава на грмежи, најавуваат метеоролозите.
Температурите ќе паднат и за 10 степени во однос на денешните. Ветерот ќе биде силен во северниот дел на земјата, каде е објавен жолт метео-аларм, додека во северо-западниот дел од земјата се очекуваат посилни врнежи од дожд.
Во вторник во текот на денот ќе има значително заладување со засилен северен ветер, а во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, соопшти УХМР. Ова се максималните температури кои не очекуваат веќе утре:
Слично
