Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подготвени се 50 милијарди евра за спас на Грција

Подготвени се 50 милијарди евра за спас на Грција
Еврозоната подготвува трет пакет финансиска помош за спас на Грција од 50 милијарди евра. Ова го изјави денеска, шпанскиот министер за финансии и економија, Луис де Гвиндос и рече дека Грција ќе остане во еврозоната. ,,Грција нема да ја напушти еврозоната, бидејќи тоа нема да е добро ни за самата земја, ни за останатите 18 држави што ја користат единстевана европска валута. “- изјави Гвиндос На своето обраќање на економската конференција во Памплона, шпанскиот министерот рече дека новиот пакет за Грција, предвидува финансиска помош од 30 до 50 милијарди евра. ,,Основното сценарио за Грција предвидува договор врз основа на сегашниот план за спас, кој ќе предвидува и нови услови што треба да бидат утврдени со флексибилен пристап.” -  рече Гвиндос.  
Слично

Поврзани вести