Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подготовки за попис по меѓународни стандарди – по електронски пат

Подготовки за попис по меѓународни стандарди – по електронски пат

Владата се подготвува за попис, но не се знае кога точно ќе се спроведе. Ова денес го откри премиерот Никола Груевски при одговарање на новинарски прашање на денешната Собраниска седница.

„Се набавува нова опрема за таа намена, а целта е се обезбеди попис според највисоки меѓународни стандарди и на тој начин ќе нема простор за сомнежи околу добиените податоци кај ниту една заедница, етничка група или поединец“, истакна премиерот.

Она што премиерот го напомена е дека 70 отсто од пописот ќе се спроведе електронски, односно со компјутерско поврзување на базите со податоци кои ги имаат различни институции а останатите 30 отсто ќе се спроведат теренски.

Пратеничката Топузова Каревска забележала дека ќе биде задоволна кога ќе види дека пописот конечно почнал да се спроведува, иако, како што нагласи, и тоа не мора да значи нешто, бидејќи Македонија веќе има искуство со попис кој почна, но беше прекинат. „Сакам да знам колку жители има во Македонија и дали оваа Влада има волја да спроведе попис. Партиите постигнаа договор за се', но го заборавија пописот. Сега договараат прочистување на избирачкиот список, иако и за тоа се неопходни податоците од пописот. Со пописот ќе дознаеме и колку луѓе се иселиле од Македонија во последните години“, рече Топузова Каревска.

Слично

Поврзани вести