Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поделбата на сметководителите доведе до протест пред Влада

Поделбата на сметководителите доведе до протест пред Влада


Сметководителите во вторник најавија протест во 12.00 часот пред Владата и од таму ќе побараат таа да им го реши хаосот со ИСОС.

„Сметководителите и овластените сметководители ја превземаат разрешницата со хаосот во дејноста во свои раце“, се вели во повикот.

Во моментов владее нетрпение помеѓу членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), што ескалираше за време на минатогодишната седница на собранието. 

Непоканетите обвинија дека седницата е само продолжение на низата скандали со непотизам, нетранспарентно работење и финансиски криминали што го тресат Институтот. 

Од таму го повикаа Министерството за финансии како надлежен орган да им даде привремена мерка на сите акти и да направи инспекциски надзор за законитоста на собранието и итно да интервенира во темелна промена на Законот за сметководствените работи поради, како што велеа од таму, неговата очигледна нефункционалност.



Слично

Поврзани вести