Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДЕЛБА НА БОГАТСТВОТО: Што им остави Тито на своите наследници

ПОДЕЛБА НА БОГАТСТВОТО: Што им остави Тито на своите наследници

Имотот на Тито се проценува на десетици па и стотина милиони евра.Наследниците на имотот на Јосип Броз Тито, овие денови чекаат да слушнат што им оставил нивниот роднина во наследство.

Судот во Белград завршил со постапката и наследниот процес и донел одлука за распределба на наследството на маршалот.

Додека не се слушне што на кому му припаднало, постојат приказни за тоа што сè им оставил Тито на синовите и на другите роднини во аманет. При тоа се споменуваат милионски суми во евра, нешто во имот, нешто во предмети – слики, ордени, садови.

Српскиот историчар Чедомир Антиќ вели дека прашањето за имотот и наследството на Тито е комплексно и дека судовите во текот на процесот биле под голем притисок.

Тој вели дека најголема тешкотија на судовите им бил да разделат што е државен, а што приватен имот на Тито.

 Историчарот вели и дека не може да се утврди целиот негов имот

-Исто така не може точно да се утврди целиот негов имот, односно во кој статус се неговите резиденции, околу 100 објекти, кои ги има ширум СФРЈ - вели тој.

Инаку, наследната постапка, по смртта на Тито, ја покрена неговиот син Жарко уште во 1983 година.

Слично

Поврзани вести