Поддршката од Џафери за Мерко ја прели чашата во огранокот на ДУИ во Струга
Незадоволството на крилото на Арбен Лабуништа во огранокот на ДУИ во Струга, откога неговиот против кандидат Рамзи Мерко успеал да обезбеди подршка во сите ограноци во трката за претседателската функција, преразнало во физичка пресметка од која едно лице завршило во болница, пренесува порталот „Тетовесот“..
Според информациите на медиумот чашата ја прелила одлуката на Муса Џафери да му даде поддршката на Мерко по што членовите на двете крила во огранокот решиле да се пресметаат со размена за тупаници.
Според порталот, станува збор за пресметка на приврзаниците на крилото на Арбен Лабуништа и приврзаниците на Рамзи Мерко.
Во Струга во тек е избор на претседател на огранокот, место за кое и Арбен Лабуништа и Рамзи Мерко, имаат желба да го освојат.
Слично
