Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДДРШКА ЗА СКОПЈЕ И АТИНА: Курц ја гледа Македонија како членка на ЕУ

ПОДДРШКА ЗА СКОПЈЕ И АТИНА: Курц ја гледа Македонија како членка на ЕУ

Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ, откако вчера Скопје и Атина постигнаа договор за решавање на спорот за името, изјави денеска во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц. 

Курц нагласи дека гледа јасна перспектива за целиот регион на Западен Балкан и за Македонија како членка на ЕУ.

На заедничка прес-конференција со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, Курц додаде дека Виена им честита на Скопје и на Атина за решавање на спорот за името и се надева дека тоа ќе придонесе за понатамошно приближување меѓу Западен Балкан и ЕУ.

Слично

Поврзани вести