Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поддршка за македонските студенти од Тирана и Белград

Поддршка за македонските студенти од Тирана и Белград
Студентите од Тирана и Белград им изразија поддршка на нивните колеги во Скопје, кои организирани од здружението „Студентски пленум“ вчера протестираа против најавените реформи во високото образование и воведувањето на државниот испит. Српскиот „Студентски фронт“ за денеска напладне организира протест пред македонската Амбасада во Белград во знак на солидарност со македонските студенти. „Да живее борбата на студентите во Македонија! Еден свет - една борба!“, стои во прогласот со кој преку социјалните мрежи се повикуваат на протест белградските студенти. Помала група од Движењето на студентите на Универзитетот во Тирана вчера ја изразија својата поддршка за македонските колеги. Тие исто така побараа автономија на универзитетите, намалување на школарината, подобрување на суловите за студирање и зајакнување на улогата на студентите во општеството. „Вашата причина, е наша кауза! Ти се бориш, тоа е и наша борба!“, истакнуваат албанските студенти.
Слично

Поврзани вести