ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНИЈА: Брисел ја повика Грција веднаш да го исчисти Идомени од мигранти
Брисел ги критикуваше активностите на Грција и невладините организации во врска со обидот за незаконско пробивање на мигранти на територијата на Македонија.
Европската комисија ги повика грчките власти веднаш да го исчистат кампот Идомени (Сухово) од мигранти. Тие треба да бидат сместени во законските кампови во внатрешноста на Грција.
Брисел, исто така ги критикува и активностите на невладините организации, кои со своите дејствија ги поттикнуваат мигрантите кон нелегални активности - Заземањето на македонската граница и употребата на сила против македонските и европските сили на редот, кои ја чуваат границата.
Инцидентот претходно беше осуден и од македонското Министерство за надворешни работи.
„При вчерашниот напад на грчко-македонската граница мигрантите од кампот во Идомени беа насочувани, изманипулирани и организирани од страна на персоналот на невладини организации. Тие раздаваа и флаери со лажни информации во кои пишуваше дека ако насилно ја поминат македонската граница мигрантите, ќе можат без проблеми да го продолжат патот до земјите-членки на ЕУ.
При насилниот обид за нарушување на границите вчера беа повредени 23-ца вработени од силите на редот.
Тие спречија над 3.000 мигранти да влезат во Македонија и од таму да продолжат за Европа“, се вели во официјалното соопштение на македонското Министерство за надворешни работи.
Во документот се истакнува дека Вчерашниот инцидент беше многу сличен на оној од 14-ти март, кога над 2.500 лица упаднаа на територијата на Република Македонија.
Според македонското МНР благодарение на брзата реакција и целосна координација меѓу безбедносните сили и полициските службеници од неколку земји на ЕУ, кои се наоѓаат на јужната граница, е спречен обид за нелегален влез во земјата.
Во соопштението се нагласува дека при инцидентот не е повреден ниту еден мигрант.
„Употребивме солзавец за да ја растераме групата. Не се користеа никакви други средства, вклучувајќи и физичка сила. Во исто време 23 полицајци се повредени. Нанесени се штети и на оградата“, пишува во соопштението.
Македонските власти побарале помош од грчка страна и размена на информации, за да се спречат вакви насилни настани.
Ситуацијата на границата целосно е нормализирана околу 19.30 часот.
Потсетуваме дека во изминатата година Европската унија беше поставена пред најсериозниото си тест во својата историја. Тој беше поврзан со миграцискиот прилив, кој некои набљудувачи го споредија со Големата преселба на народите.
Околу 1,5 милиони мигранти навлегоа во Европа преку Грција и Медитеранот. Најголемиот поток помина преку Грција, која според извештајот на Европската унија, одбила да ги чува надворешните граници на заедницата.
Миграциониот прилив беше користен од опасни лица кои војувале за џихадисти од Исламската држава и други терористички организации. Дел од учесниците во крвавите напади во Париз од 13 ноември 2015 година, во кој загинаа 130 невини граѓани и стотици беа повредени, влегле во Европа токму преку т.н. Балкански пат.
Овој пат се појави поради активностите на Грција, која наместо да ги запира мигрантите одлучи да ги префрли во соседните земји, на прво место во Македонија.
Уште во септември 2015 година премиерот на Унгарија Виктор Орбан и неговата земја беше првата која презеде мерки за запирање на миграциониот поток. Таа издигна ограда на границата со Србија. Нејзината политика беше проследена и од други земји - Австрија, Словенија, Хрватска и Македонија.
Така како резултат на заедничка акција на земјите од Централна Европа и Западен Балкан се дојде до затворање на Балканскиот пат на македонско-грчката граница.
Во нејзината стража меѓу македонските полицајци се вклучија полицајци и граничари од Австрија, Словачка, Словенија и други земји.
На 7 март 2016 година на самитот ЕУ-Турција официјално беше објавено дека Балканскиот миграциски пат не постои повеќе.
Сепак опасноста од мигрантите останува, бидејќи на територијата на Грција има десетици илјади од нив.
Многу авторитетни западни изданија и аналитички центри, меѓу кои „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ и Стратфор, предупредија дека по затворањето на Балканскиот пат мигрантите можат да побараат други патишта за влез во Европа - на прво место во Бугарија и Албанија, а исто така во Средоземното море кон Италија.
Во случај мигрантите да се насочат кон Бугарија, тогаш тие едвај ќе можат да продолжат по патот низ Романија и Србија и постои опасност да останат во Бугарија, предупредуваат експертите.
На 4 април започна враќањето на мигранти од Грција за Турција. Тоа беше предвидено од договорот меѓу ЕУ и Турција, постигнат на 7-8 март 2016 година кога Турција се обврза да го прифати секој илегален мигрант вратен од Грција, а во замена за него ЕУ ќе прифати еден сириски бегалец. Исто така, властите во Анкара ќе добијат солидна финансиска помош од Брисел, која само во следните две-три години ќе достигне до скоро 6 милијарди евра.
Внимание привлекува фактот дека меѓу првите доставени мигранти од грчките острови во Турција нема Сиријци, а само мигранти од Авганистан, Ирак, Иран и Пакистан.
По земање отпечатоци од нивните прсти тие веднаш им се транспортирани со автобуси до кампот во Каркларели / Лозенград, административен центар на провинцијата, лоциран во западното подножје на Странџа, во близина на границата со Бугарија.
