Поддршка од САД и Србија за протестот на македонските студенти
Српските студенти се организираат преку Фејсбук за да им дадат поддршка на македонските колеги во протестите против најавениот државен испит во високото образование.
Според повикот, кој се споделува на социјалните мрежи, студентите имаат намера да излезат на протест пред македонската Амбасада во Белград, истовремено кога е закажан маршот во Скопје и со тоа симболично ќе и м изразат поддршка на македонските колеги.
„Да покажеме дека меѓу колегите и колешките во Србија имаат искрени соборци за правата на студентите. Да ја искажеме нашата борбеност и солидарност, нашата единственот и колегијалност“, се вели во повикот објавен од српското здружение „Студентски фронт“.
Поддршка за протестот на македонските студенти, кој ќе се одржи под мотото „Стоп за лошите реформи во образованието!“, пристигна и од Асоцијацијата на студенти од Балканот на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ во САД.
„Ние, Асоцијацијата на студенти од Балканот во Америка од Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ се солидариззираме во вашата борба за правата кои ви се повредуваат. Ги поддржуваме вашите барања кои ги доставивте до Министерството за образование и министерот Адеми“, стои во писмото во кое се оценува дека студентите во Македонија не се вклучени во дебатите за важните реформи што се планираат во високото образование.
Слично
