ПОДАТОК КОЈ ИЗНЕНАДИ: Германија е пред рецесија
Најмоќната економија во Европа е на колена, а Германија на работ на рецесија.
На годишно ниво, германската економија пораснала по стапка од 0,4 проценти, што е најслаб резултат во последните неколку години.
Германската економија регистрирала пад во вториот квартал на 2019-та година, што поттикнало загриженост од влегување на еврозоната во рецесија, објави британскиот весник "Guardian".
Најголемата европска економија паднала за 0,1 процент во периодот април-јуни 2019-та, по растот од 0,4 проценти во првите три месеци од оваа година.
Германија во минатиот квартал забележала "благ пад на економските перформанси", како резултат на падот на извозот, соопштила германската Федерална канцеларија за статистика.
За 2019-та година, Владата во Берлин прогнозира раст од само 0,5 проценти.
Во меѓувреме и САД е пред можна рецесија, а Сингапур може да потоне во рецесија затоа што во вториот квартал економијата им беше со мал раст. Оваа островска град - држава е погодена од трговската војна меѓу Кина и САД.
