Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОД ПРИТИСОК НА ЈАВНОСТА: Дали Уставниот суд ќе ја преиначи одлуката?

ПОД ПРИТИСОК НА ЈАВНОСТА: Дали Уставниот суд ќе ја преиначи одлуката?
Деновиве експертската заедница се крена против одлуката на Уставниот суд да го укина законот за помилување со кој не смееа да се помилуваат и аболиционираат сторители на тешки дела поврзани со изборниот процес. Многумина експерти во земјата, а меѓу нив и оние кои во јавноста никогаш не биле блиску до една или друга опција како Камбовски или Сиљановска излегоа со ставови дека одлуката на судот е политикантска. "Одлуката на Уставниот е краен срам за правната професија во Македонија. Уставниот суд изврши државен удар. Ова е крај за државата", изјави Камбовски . Од друга страна Сиљановска остава простор судот да ја поправи својата грешка. „Следното мериторно одлучување ќе биде тест за  уставните судии кои треба да донесат одлука која ќе води кон владеење на правото или кон политизација и партизација“, вели таа. Професорот по уставно право Осман Кадриу смета дека освен материјалната расправа и тајмингот за ваквата одлука, во време кога се случува „Титаник“ е спорна. Според поранешниот судија Трендафил Ивановски, сега во многу тешка позиција ќе се доведе претседателот, кој во прашањље ќе ја доведе и својата функција доколку влезе во процес на аболиции. Повеќе граѓански организации деновиве одржуваат протести пред зградата на Уставниот суд и велат дека нема да престанат, затоа што велат, уставниот суд директно го руши уставниот поредок и влегува во политизација. Од друга страна дел од медиумите кои важат за провладини сметаат дека зад протестите стои иста група поддржана од Сорос, и дека всушност токму поротестите се политички мотивирани.
Слично

Поврзани вести