Економија, финансии, бизнис

Контакт

Под површината на Гренланд се наоѓаат милијарди барели сурова нафта?

Под површината на Гренланд се наоѓаат милијарди барели сурова нафта?

Американската нафтена компанија „Гренланд Енерџи“ најави дека планира да почне истражување за нафта на Гренланд, тврдејќи дека под површината на островот се наоѓаат милијарди барели сурова нафта. Сепак, проектот веќе предизвика спор со гренландските власти, кои тврдат дека компанијата нема важечки дозволи за такви активности.

Компанијата, со седиште во Тексас, планира да испрати околу 300 бродски контејнери со опрема за дупчење, но Министерството за минерални ресурси на Гренланд соопшти дека не постојат важечки дозволи ниту за истражување, ниту за подготвителни работи.

Според „Гренланд Енерџи“, бродот со опремата треба да исплови во септември, а дупчењето да започне во октомври. Компанијата планира да вложи околу 60 милиони долари во проектот и тврди дека подрачјето Џејмсон Ленд крие резерви на нафта вредни трилион долари.

Гренландските власти потсетуваат дека уште во 2021 година престанаа да издаваат нови дозволи за истражување на нафта поради еколошките ризици. Дополнително, планираните истражувања се наоѓаат во заштитено подрачје опфатено со Рамсарската конвенција, каде што живеат бројни видови птици.

Министерот за минерални ресурси на Гренланд, Муте Б. Егеде, изјави дека проектот не може да продолжи без сите потребни одобренија и нагласи дека јавните тврдења на компанијата не ја одразуваат реалната состојба.

Овој случај дополнително ги засилува тензиите околу Гренланд, територија за која американскиот претседател Доналд Трамп вели дека треба да биде под контрола на САД. 

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отвори можноста за дополнително намалување на бројот на американските војници во Европа, поврзувајќи ја таквата одлука со евентуалниот договор за иднината на Гренланд. 

„Данска е подготвена да го брани секој сантиметар од територијата на НАТО, вклучително и Кралството Данска“, изјави данската премиерка Мете Фредериксен вчера во Анкара, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека Гренланд треба да биде под контрола на САД.

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, исто така, ги отфрли забелешките на Трамп.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести