Под лупа на Владата сите вработувања по распишувањето на изборите
Владата ги задолжи министерствата да ги прегледаат сите вработувања кои се случиле по распишувањето на предвремените избори кои треба да се одржат во средината на октомври.
Сите министерства имаат 15 дена да извршат проверка на податоците и да изготват интегрирани евиденции на податоци што се однесуваат на вработувањата во овој период во министерствата, како и во органите во состав на министерствата.
Oва вчера е усвоено на седницата на Влада.
Имено, Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за труд веднаш да поведат постапки за вршење на вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор во однос на постапките за вработување спроведени во периодот од денот на распишување на предвремените парламентарни избори до денот на изборот на Владата на Република Македонија во сите институции, установи и органи што ги применуваат Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор во постапките за вработување на јавни службеници.
