Под лупа на ЕП извештајот за напредокот на Македонија
Денеска од страна на комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ќе биде разгледан извештајот за напредокот на Македонија за членство во ЕУ.
Досега поради политичките случувања во земјава разгледувањето на извештајот беше одложувано два пати.
Во проект на извештајот се препорачува да биде запазен безвизниот режим за македонските граѓани кои патуваат во земјите членки на Европската унија.
Се очекува да биде покренато и прашањето за добрососедските односи на Македонија, како и темата за спорот за името со Грција.
Слично
