Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОД КЛУЧ ДО 27 МЕСЕЦОВ: Продавниците во Грција нема да работат

ПОД КЛУЧ ДО 27 МЕСЕЦОВ: Продавниците во Грција нема да работат

До 27 месецов продавниците во Грција нема да работат. 

Се продолжува мерката за забрана за работа на продавниците во Грција. 

Ова важи за организираните приватни и јавни плажи и ски центрите.

Исклучок се супермаркетите, аптеките, бензинските пумпи, банките, пекарите, продавниците за миленичиња, месарниците, трафиките, доставата на храна, сервисите за поправка на автомобили, како и продавниците што работат преку интернет.

Оваа мерка беше донесена на 18 март, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. 

Од Министерството за здравство  велат дека во текот на летото ќе има подготовки и напорна работа, затоа што следната зима ќе треба да се справат со два вируси, грипот и коронавирусот.

Вчера во земјата имаше 4 нови смртни случаи и 56 новозаболени. 

Слично

Поврзани вести