ПОД ЕДЕН УСЛОВ: Ѓулен спремен да се врати во Турција, ако …
Турскиот опозиционер Фетхулах Ѓулен кој живее во доброволно прогонство во САД побара меѓународна истрага на околностите околу обидот за воен удар во Турција и изјави дека е подготвен да се врати дома, ако истрагата покаже и најмал дел од обвиненијата против него.
Во својот напис во францускиот весник „Mond“ Ѓулен изјавува: „Се обраќам со повик до турските власти и им ветувам целосна соработка. Инсистирам истрагата за обидот за овој државен удар да се одржи од независна меѓународна комисија. Ако и една десетина од обвинувањата против мене се потврдат, се обврзувам да се вратам во Турција и да поднесам одговорност“, пишува Ѓулен .
Уште еднаш турскиот опозиционер ги отфрла обвинувањата дека е вмешан во обидот за преврат од 15 јули и нагласува дека неговата организација никогаш не целела кон политичка моќ. Според Ѓулен, меѓу учесниците во бунтот навистина може да има „воени лица кои декларираат дека сочувствуваат“ на неговото движење.
„Зборувам без секаква грижа на совеста дека тоа се предавници кои го поткопаа единството и интегритетот на земјата, личности кои ги пренесоа моите идеали и доведоа до стотици и илјади жртви“, вели Ѓулен.
Сите виновни треба да бидат казнети од правдата, но во модерна Турција судскиот систем не инспирира доверба.
„Никој - ниту јас, ниту кој и да е друг, не стои над законот, и сакам сите виновни, каква и да е нивната припадност, да ја добијат казната што ја заслужуваат, во рамките на фер судење. Но од 2014 година судскиот систем е целосно под контрола на властите и затоа веројатноста за фер судење е блиску до нула. Затоа ги повикав да се создаде меѓународна комисија и најавувам дека ќе се согласам со нејзините заклучоци“ нагласува Ѓулен.
