Почвата во Петриња пропаднала за околу 10 сaнтиметри
Почвата во Петриња се спуштила околу 10 сaнтиметри.
Снимките на Фејсбук ги објави Ален Берта, инженер за шумарство и консултант во меѓународната компанија ЦГИ задолжен за набудување на планетите, пренесува порталот Индекс.хр.
„Споредувајќи ги сликите на радарскиот сателит Сентинел 1 од 18 декември и 30 декември, гледаме дека земјата, западно од Петриња се приближуваше кон сателитот за 44 см во најизразениот дел, додека самото тло на Петриња падна (далеку од сателитот) за 10 до 30 см“, напиша тој.
Земјотрес е регистриран во Хрватска и за време на новогодишната ноќ.
Нов земјотрес имаше во Хрватска и тоа 128 - ми по ред. Во вторито потрес од 6.2 степени однесе седум жртви, меѓу кои и едно 13 годишно девојче.
Слично
