Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧВАТА Е КАКО СУНЃЕР: Koлкав е водостојот на реката Драва?

ПОЧВАТА Е КАКО СУНЃЕР: Koлкав е водостојот на реката Драва?

Се намалува водостојот на реката Драва, која поплави објекти. 

Заменик-градоначалникот на општина Дрње, Петар Домбај, вели дека водостојот на Драва кај Ботово е 74 сантиметри. Ова значи дека водостојот опаднал во однос на понеделник. Сепак, Домбај предупредува дека ќе бидат потребни денови за водата целосно да се повлече во коритата, а штетите ќе бидат огромни.

„Страшно е да се види што направила водата, дури и околната почва е како сунѓер“, кажа Домбај во изјава за загрепската телевизија „Н1“.

Во местото Торчец се заштитени куќите, кои исто така беа загрозени од потокот Глибоки. 

Ситуацијата во Копривничко-крижевачката жупанија сѐ уште е критична, но под контрола, јави оваа телевизија. Штом нивото на водата падне под 560 см, состојбата е добра затоа што водата повеќе не продира во езерото. Некои од викендичките се отсечени, луѓето имаат пристап само со чамци.

Драва потопли цела населба, а од куќите се гледаа само покривите. Многу полошо е во Словенија. 

Поплави ја зафатија и Норвешка. И таму илјадници луѓе се отсечени.

Слично

Поврзани вести