Почнуваат секојдневни протести пред Влада
Почнувајќи од денеска, секој ден во 18 часот граѓаните ќе протестираат пред Владата и ќе бараат одговорност од надлежните за загубените животи по булеварите и болниците.
-Доста беа сериски убиства по болниците и на улиците! Имаме право на живот, имате одговорност за оставка. Еден живот завршен на пешачки премин на зелено, друг од страна на пијан лекар, десетици други од дозволени и неказнети грешки. Уште колку загубени животи треба да се случат за надлежните да понесат одговорност и да ги напуштат функциите како чин на морална одговорност? – прашуваат организаторите на настанот.
Протестот под мотото „Доста е” го организира левичарското движење „Солидарност’’.
Слично
